Вработените од Скопски Плански Регион , предводени од раководителот Розета Арсовска беа во посета на Градоначалникот на Општината Ѓорче Петров Сокол Митровски кој воедно ја врши и функцијата Председател на Скопски Плански Регион. На средбата се разговараше за реализираното до сега и за проектите кои треба во иднина да се реализираат на ниво на регионот. Воедно, Арсовска се заблагодари за безрезервната поддршка од досегашниот Председател на С.П.Р. Митровски и за неуморната работа на терен, секогаш кога за тоа ќе имало потреба.

Во Скопски Плански Регион членуваат сите скопски општини но и останатите кои не се опфатени во градот Скопје, а се во скопската котлина. По завршување на мандатот на Градоначалникот Митровски ќе се бира нов Председател. Сите градоначалници на посебна седница ќе предложат нови кандидати од кој ќе се одбере новиот предводник на Скопси Плански Регион. Мандатот на председателот трае 4 години , а Митровски оваа функција ја извршуваше во два мандати.