Во ООУ “Мирче Ацев” се изврши комплетна промена на внатрешното осветлување . Старото и дотраено осветлување е замено со ново лед осветлување и со тоа се реши уште еден проблем во училиштето. Променети се повеќе од 200 лед светилки. „За да ги подобриме стандардите за настава во нашето училиште, презедовме повеќе чекори со кои ги отстранивме постојните недостатоци. Во сите училници поставено е ново најсовремено осветлување (лед-светилки), што ќе овозможи и во втората смена училниците да бидат осветлени како и при дневна светлина.

Исто така новите светилки се многу поекономични, што ќе придонесе да имаме намалена потрошувачка на струја“ истакна директорот на училиштето Гоце Боцевски. Училиштето максимално се заложи да ги подигне стандардите за настава во новата учебна година, и за оваа потреба во сите училници се поставени нови лед-светилки, што ќе овозможи и во вечерните часови светлината во училниците да биде како и во текот на денот. Средствата за овие зафати во училиштето се обезбедени од локалните од општината Ѓорче Петров.