Третата обука од проектот „Учење преку работa“ финансиран преку програмата Еразмус плус на Европската унија успешно се реализираше во општината Ѓорче Петров  и помина во одлична работна атмосфера каде беа промовирани нови пристапи на учење и можност за поефикасна едукација на децата за користење на ново набавената опрема за соларната енергија. Наставниот кадар од основните училишта во општината ,во следниот период ќе имаат можност за практична имплементација на стекнатото знаење за обновливите извори на енергија на училишните часови.

Учениците преку имплементација на овој проект ќе дознаат повеќе за моќта на соларната енергија, ќе бидат поинформирани за суштинската улога на соларните панели и ќе се подготват за спроведување на соларни технологии во реалниот живот. Се очекува ова стратешко партнерство да даде голем придонес за подобрување на квалитетот на основното образование и исто така, подобрување на квалитетот на наставниците од основните училишта од двете општини. Во проектот  вклучени се основните училишта Мирче Ацев и Паисиј Хилендарски од општините Ѓорче Петров и  Разлог, Еко Разлог и Солар Македонија. Следниот состанок на проектините партнери се очекува да биде во месец Декември во Општината Разлог, Р. Бугарија.