Градоначалникот на Општината Ѓорче Петров, денес се сретна со заменик градоначалникот на збратимената општина Кушадаси, Р.Турција, г-ѓа Ајше Шерифоглу. Заменик – градоначалничката, г-ѓа Шерифоглу,  го изрази своето задоволство од посетата на Општина Ѓорче Петров, но и желбата за продлабочување и понатамошна успешна соработка помеѓу двете општини  во повеќе области.

Како што изјави Шерифоглу, Република Македонија за нив е пријателска земја, а Ѓорче Петров збратимена општина со која има многу можности за соработка. Градоначалникот Митровски како знак на благодарност и почит ú додели плакета за досегашната успешна соработка. Меѓудругото, на средбата се разменуваа искуства и  се разговараше на најразлични теми кои се во надлежност на локалната самоуправа, споделувајќи го на тој начин богатото искуство во раководење на овие институции. Општина Ѓорче Петров, предводена од градоначалникот Сокол Митровски има присуствувано на неколку важни настани во општината Кушадаси, како што е традиционалниот фестивал на збратимени градови од каде произлегле многу соработки со општини од други држави, како и средби со турски граѓани од македонско потекло. Долгогодишното пријателство кое трае  од далечната 1999 година, прерасна во успешна билатерална соработка која ќе продолжи и понатаму во интерес на двете општини.