ЈУ-БАЈ Скопје започна со асфалтирање на центарот на селото Кучково, Општина Ѓорче Петров. Асфалтен слој ќе се нанесе на над 800м2 со што сосема ќе се измени ликот на центарот на Кучково. Средствата во висина од  650 илјади денари се обезбедени од општинскиот буџет. Мештаните задоволни и со позитивни коментари за реализирањето на проектот кој во целост ќе го измени центарот на селото.

Тука е последната постојка на автобусот број 64 А кој неколку пати во денот се обраќа од Скопје кон Кучково. „Повеќе нема да газиме во кал после секој дожд кога се  симнување од автобус, а полесно ќе биде и за расчистување на снегот. .Добивме нов културен дом, а сега и нов селски центар. Овој простор, околу селската чешма, е собиралиште на кучковци,. На клупите покрај чешмата од која тече здрава вода за пиење, договараме многу работи кои се тековни во нашето секојдневие, коментираат граѓаните. Работите целосно ќе бидат завршени до петок 6 октомври 2017 година.