Во рамки на проектот „Учење преку работа“  (Learning by doing)  преку програмата на Европската унија  „Еразмус“  во ООУ „Мирче Ацев“  се одржа третата работна средба меѓу преставници на двата проектни партнери општината Ѓорче Петров и општината Разлог.  Проектот е насочен кон промовирање на нови пристапи на учење и можност за поефикасна едукација на децата за користење на опрема и помагала за соларната енергија.

На оваа средба ќе следи практична обука за едукација за користење  на училишните помагала за примена на соларната енергија, односно  наставниците ќе бидат подготвени за реализација на наставни часови кои опфаќаат општо познавање на соларната енергија и нејзина примена. Проектот  почетна основа за младите повеќе да дознаат за моќта на соларната енергија, да бидат поинформирани за суштинската улога на соларните панели во менување на светот на енергијата и да бидат подготвени за спроведување на соларни технологии во реалниот живот. Наставничките тимови ќе имаат можност за практична имплементација на стекнатото знаење за обновливите извори на енергија на училишните часови беше заклучокот од денешната средба помеѓу двата проектни тимови на општините Разлог и Ѓорче Петров.

Градоначалникот Сокол Митровски се заблагодари за учеството на општината Разлог во заедничкиот проект кој преставува стимул за приближување до Европските фондови, размена на информации и искуства за постојните образовни процеси во Македонија и Бугарија, а ја истакна и потребата од продлабочување на соработката и во други области од културата, спортот, социјалната заштита. Златка Стојчева, лидер на проектот од општината Разлог истакна дека ова стратешко партнерство ќе даде голем придонес за подобрување на квалитетот на основното образование и исто така, подобрување на квалитетот на наставниците од основните училишта од двете општини.