Отпочна постапката за усогласување и унапредување на ИСО стандардот 9001-2008 со ИСО стандардот 9001-2015 во Општината Ѓорче Петров. На консултанската презентацијата на измените во ИСО стандардите, кој ги налага  ИСО 9001-2015, присуствуваа сите раководители на сектори во општината, а презентација на материјалот за унапредување на стандардите вршеа презентери и консултанти од Еуро Контрол.

Општината Ѓорче Петров сертификат за ИСО стандард има добиено уште во септември 2014 година. Новиот 9001-2015  ИСО стандард, е надградба на веќе постоечкиот. Новите содржини, со квалитетни предлози и насоки кои ги содржи ИСО 9001-2015 несомнено ќе придонесат во унапредување на работењето на општинската администрација, а со добивање и примена на истите и граѓаните ќе имаат уште поголем увид во работата на општинската администрација затоа што токму тие се директни креатори на општинските проекти и планови, а општинската администрација, како нивен сервис, ги спроведува на терен.