Градоначалникот Сокол Митровски денес ги прими преставниците од Здружението „Матица Скопје„ од Скопје  чие седиште се наоѓа во с. Волково во општината Ѓорче Петров. Преставниците од здружението образложија како поминала манифестацијата „Денови на македонскиот мед“  каде посетителите на ул. Македононија во Скопје, имаа можност во директни контакти со пчеларите да добијат совети како да препознаат квалитетен мед.

На средбата беа истакнати проблемите и состојбите со кои се соочуваат пчеларите, поврзани со климатските услови во периодот кога вегетираат најголемиот дел од медоносните растенија, поради што не можат да се создадат услови за репродукција на пчелните семејстава, и немањето можности за медни залихи. Претседателот на здружението Др. Јане Марков на средбата се заблагодари за досегашната долгогодишната успешна соработка со општината Ѓорче Петров и финансиската поддршка која ја добиваат од општината. Во знак на долгогодишната соработка , пчеларите му подарија на Градоначалникот Митровски препознатлива маица со амблемот на здружението.