Општината Ѓорче Петров и Ленди Груп ДООЕЛ Скопје потпишаа договор за реконструкција и изградба на 4 улици во општината во износ од 19.867,875 денари. Со овој договор опфатени се улиците : „ Алекса Демниевски “ на која ќе се поставуви ново улично осветлување, нов асфалтен слој, ќе се изведе атмаосферска канализација , нова водоводна мрежа и тротоари.  На улицата „Пробиштипска“ ќе се вади стариот асфалтен слој, шахти , на улицата  „ Знеполе“ ќе се  гребе старата асфалтна подлога и ќе се постави нов слој,ќе се изврши корекција на шахти и шибери. На улицата „  2 “ кај ООУ „ Мирче Ацев“ ќе се отстрани стариот слој на асфалт, ќе се поставуват нов тампонски слој и нов асфалт, ќе се изведе атмосферска канализација,воедно ќе биде поставено ново улично осветлување и нови тротоари. Средствата со кои ќе се реализира овој проект се Гранд од Светска Банка доселен на Општината Ѓорче Петров.