Со одстранување на старата и поставување на нова асфална подлога,  заврши целосната реконструкција на улицата „Браќа Чакреви“ во општината Ѓорче Петров. Реконструкцијата опфати промена на коловозот, изградени се нови тротоарите со широчина од 1,5 метри, а изведена е и нова атмосферска канализација со широчина на цевките од 250 мм. Поставено е и ново улично осветлување. Улицата е со должина од 330 метри и широчина од 6 метри. Работите ги изведуваше АД „Карпош“ Скопје. Средствата за реализација на проектот во висина од 10,8 милиони денари ги обезбеди Министерството за транспорт и врски и општината Ѓорче Петров.