Во текот на летниот период и очекуваните високи температури, Општината Ѓорче Петров  изготви конкретни оперативни планови за зајакнати мерки од превентивен, но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари. За да се спречи настанувањето на пожар , потребно е граѓаните да се придржуваат кон следните превентивни мерки: Да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат стаклени шишиња и друг вид стаклена амбалажа да не се фрлаат отпушоци од цигари, да не се складираат материјали кои се самозапаливи и запаливи (бензин, нафта, плин), како и редовно да се проверуваат и одржуваат инсталациите и уредите кои можат да бидат причина за настанување пожар. При пожар во објект најпрво да се исклучи струјата. Општината Ѓорче Петров апелира за совесно однесување до сите останати жители и сопственици на приватен имот, каде што општината нема ингеренции да интервенира, за одржување на својот двор и плац и превентивно делување во насока на заштита од пожари. Јавните чешми се обновени и се во функција, дефектите редовно се оптстрануваат иако често се на мета на вандали па се кршат и урнисуваат од страна на граѓаните. Општина Ѓорче Петров ќе продолжи со своите тековни активности за одржување на тревните површни во сите месни и урбани заедници кои се во нејзина надлежност. Граѓаните можат да  пријават пожар на телефонскиот број 193.