Објектот  “Кокиче“ ( ЈОУДГ „Росица“ ) од општината Ѓорче Петров ќе добие комплетно нов лимен кров. Зафатите за реализација на проектот се веќе во тек а се очекува да завршат кон почеток на месец Август. Се работи за зафат вреден 2 милиони денари ,средства обезбедени од општинскиот буџет со кој ќе биде заменет стариот азбест кров. Инаку, во објектот „Кокиче“ сместени над 150  деца  од предучилишна возраст.

Ј

авната општинска установа за - детска градинка „РОСИЦА“ Ѓорче Петров Скопје е установа за деца од голем капацитет со постоечки 6 објекти во општина Ѓорче Петров: „Калинка“, „Детелинка“, „Кокиче“, „Пампурче“, „Рипчиња“ и „Дексион“. Проектираниот капацитет на ЈОУДГ „РОСИЦА“ изнесува 705 деца, а просечно згрижува од 1000 до 1200 деца месечно. Општина Ѓорче Петров посебно внимание посветува за подобрување на условите за престој на најмладите во детските градинки на територијата на целата општина.