Општината Ѓорче Петров ќе биде домаќин на младинскиот меѓународен турнир во фудбал „Скопје куп 2017“  кој ќе се одржи на стадионот со вештачка трева „Млади лавови“. На турнирот кој ќе започне на 31 Јули , и ќе трае до 5 Август учество ќе земат 32 екипи од Р. Македонија и странство во генерациите 2000 и 2002 и помлади. Најдобрите младински екипи на Вардар , Војводина (Нови сад), Сесвете ( Загреб) Дит Софија ,Цибалија, Академија „Пандев“ и други ќе „истрчаат“ на теренот во Ѓорче Петров и ќе ги одмерат силите со домашните екипи. Меѓу натпреварувачите ќе се најдат и македонски спортисти , па така сите заинтересирани може да дојдат на стадионот „Млади лавови“ во Ѓорче Петров и да ги бодрат најдобрите екипи од соседството. Турнирот е во организација на Град Скопје и ФФМ , а дел од натпреварите ќе се играат и на стадионот во Илинден.