ЈОУДГ „Росица“ од Општина Ѓорче Петров во текот на летниот период обезбеди нов мебел за дечињата од објектите „Калинка“ и „Детелинка“. Градинката го комплетираше  изгледот во овие два објекта со нови детски гардеробери, дидактички плакари , шкафчиња за сместување на детски кревети дизајнирани според желбите и потребите на корисниците. Во објектот „Калинка“, комплетно е реновиран приемниот простор со поставување на ламинат и нови детски гардеробери, а пак во објектот „Детелинка“,  по извршената монтажа на новиот мебел, ќе биде поставен и ламинат во двете крила на објектот. Исто така ќе бидат поставени и нови теписони во делот н апросторот за одржување на приредби, кај бината и салата.

„Дел од објектот каде мебелот беше стар го заменивме со нов мебел . Со преземените интервенции во градинките, престојот на дечињата во нашата градинка е пофункционален. Овој проект е доста значаен за нас, а неговата целокупна реализација ја обезбедивме од сопствениот буџет и секако со поддршка од Општина Ѓорче Петров која секогаш обрнува посебно внимание кога се работи за најмладата популација во општината.” изјави директорката Ана Серафимовска. Покрај горенаведените промени општинските комунални служби ќе реализираат и  хортикултурно уредување на дворовите и воедно ќе бидат заменети оштетените делови од детските игралишта.