Денес , на 68-та Седница на Советот на Општина Ѓорче Петров беше донесена предлог- одлуката за меѓуопштинска соработка со Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје , за поставување подземни контејнери. Подземните контејнери општината Ѓорче Петров  ги прави заедно со градот Скопје и со ЈП „Комунална хигиена“ при што секој плаќа по една третина од вредноста на овие контејнери, рече градоначалникот Сокол Митровски на денешната седница на советот. Со поставување на овие подземни контејнери се нуди подобро решение за одложување на комуналниот отпад , имаат подобар изглед , отпадот се одложува под земја при што исклучена е можноста да се расфрла од кучиња или мачки скитници и нема ширење миризба.

Општината Ѓорче Петров за оваа намена ќе обезбеди 2.200,000,00 денари од својот буџет. На денешната седница на советот на општината Ѓорче Петров донесени беа следните одлуки: Предлог – Одлука за вршење исправка за ГП 15.6 и ГП 27.14, од ДУП – Детален урбанистички план за УЗ „ Дексион “ , Општина Ѓорче Петров –Скопје, Предлог- Одлука за согласност за измена и дополнување на План за вработување на Општина Ѓорче Петров за 2017 година, Предлог-Одлука за Измена и дополнување на Програма за урбанистичко планирање Ф за 2017 година, Предлог-Одлука за Измена и дополнување на Програма за комунални дејности за 2017 година , Предлог- Измени и дополнување на Буџетот на општина Ѓорче Петров за 2017 година втор Ребаланс), Предлог-Одлука за доделување на финансиски средства за Здружение на пензионери „Ѓорче Петров“ –Скопје, Предлог-Одлука за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за изградба на  атмосферска канализација на улици во УЗ Дексион.