Денес, 30.06.2017 (пeток) , во просториите на Општина Ѓорче Петров се одржа состанок со претставници од месните и урбаните заедници, ЈП „Комунална Хигиена” и ЕКО-ФЛОР КОМПАНИ Скопје. Градоначалникот Сокол Митровски, упати јавен повик до граѓаните за нивно активно учество во општата акција за собирање на кабаст отпад од страна на ЈП „Комунална Хигиена”, која се реализира во текот на денешниот и утрешниот ден и во руралниот и во урбаниот дел на општината.

Тој нагласи дека е значајна соработката меѓу граѓаните и институциите за успешно реализирање на акцијата , но ја истакна и потребата од совесно и морално однесување на граѓаните со цел одржување и зачувување на чисто Ѓорче.
Градоначалникот упатува апел и молба до граѓаните да се внимава и да се води сметка за околината, посебно во летниот период кога поради високите температури постои реална закана од пожари и затоа треба навреме да се алармираат надлежните.