Пензионерите од Ѓорче Петров имаа успешен настап на традиционалната 15-та по ред ревија на музика, песни и ора која се одржа во Дом на АРМ во Скопје во организација на Сојузот на здружение на пензионерите на РМ. Во конкуренција од 33 здруженија и преку 600 учесници од сите градови во Р.Македонија, настапот на ѓорчепетровци остави најголем впечаток. Ѓорчепетровци ги афирмираше фолклорните вредности на нашиот културен идентитет и македонската  традиција од Егејскиот дел на Македонија.

По тој повод Претседателот на пензионерите од Ѓорче Петров, Методија Новковски рече дека на оваа манифестација успеале да ги прикажат и доближат фолклорните вредности и препознатливост на нашето национално обележје по кое не препознаваат насекаде низ светот. „Најважно е преку овие манифестации да се дружиме помеѓу себе. Да имаме убава и релаксирана старост, овие денови што ни остануваат, да ги проживееме во добро расположение „ – истакна Новковски. Меѓудругото се заблагодари на Градоначалникот Сокол Митровски што во рамки на своите можности секогаш дава поддршка на активностите на пензионерите од Ѓорче.  На предлог на комисијата на СЗП на РМ за културен забавен живот, пензионерите од Ѓорче Петров ќе учествуваат на меѓународниот фестивал во Словенија од 26- 28 Септември , што ги потврдува нивниот успех и искрен придонес во негување на богатата македонска традиција и староградски фолклор. Ревијата на која настапувааат пензионерите е проект од национален интерес и една од многубројните активности на Сојузот на пензионери која има добиено  посебно признание од Министерството за култура на РМ.