По повод завршувањето на школската година , на стадионот „Македонски лавови “ во општината Ѓорче Петров, се одржа дванаесеттиот традиционален „Бон-Бон клуб“ на кој учество зедоа ученици од четвртите одделенија од општинските училишта. Над  200 ученици, со помош на стручни лица и тренери , ги учеа тајните на фудбалот како спорт. На трибините на стадионот можеа да се забележат и поголем број навивачи и роднини на децата кои безрезервно ги поддржуваа учесниците, а добрите фудбалски потези од четвртоодделенците многупати беа наградувани  со аплаузи.

Оваа активност е само увертира и еден вид селекција за учество на летната фудбалска школа која ќе се одржи во август годинава , а организатор на овој настан ќе биде „ ОПЕН -ФАН“ фудбалската школа која секоја година одржува вакви курсеви , а се со цел осознавање на фудбалските тајни и активирање на најмладите во спортските активности кои придонесуваат за правилен духовен и физички развој. Годинава ОПЕН –ФАН фудбалската школа ќе се одржи токму во општината Ѓорче Петров која секогаш дава целосна подршка на ваквите проекти кои промовираат спортски активности и едукација на младите за вредностите на спортот воопшто во нивниот развој.