Отворена работилница на Центарот за економски политики, анализи и консалтинг со дел од учесниците- менторите, директорите на училиштата и општинската администрација од општина Ѓорче Петров,  за надоградба на прашалниците кои ги користевме во почетната фаза на форумите кои послужија за заедничка анализа на организацијата и на идните општинските политики во контекст на младинските политики за меѓуетничка поддршка, соработка, толеранција и почитување.

Целта која беше да се унапреди меѓуетничка толеранција на младите и нивна подготовка за учество во демократски процеси на локално нив беше целосно остварена, ова е заедничкиот заклушок на сите чинители на проекто. Спроведувајќи го проектот постигнавме:
 Информираност на младите ученици во општината за различноста, идентитетот и можности за вклучување на млади во демократските процеси на локално ниво, Зајакнати капацитети на млади ученици во општината за соработка, толеранција, почитување и ораторство  Сензивитизирање на локалните засегнати страни за соработка, толеранција, недискриминација и вредности на мултиетничко и мултикултурно живеење. Со денешната отворена работилница се заокружува процесот на имплементација на проектот Идни Лидери на Заедницата кој отпочна на 15 јануари 2017 година.