Осми јуни 2017 година. Невообичаено студеникавото утро за овој период од годината не ги спречи девеесеттината млади спортисти - планинари од сите општински основни училишта, како членови на Организираниот училишен спорт во Општината Ѓорче Петров, да планинарат на најблиската скопска планина Водно.  Планинарењето е уште еден сегмент од спортските активности кои се планираат и реализираат во општинските основни училишта.

Неколку пати во текот на годината младите планинари спортуваа на повеќе локации(планини) во околината на Скопје. Планинарењето не е единствената цел со посетата на Водно. Професорите ќе ги запознаваат учениците и со флората и фауната на Водно, а до врвот ќе се возат со жичарницата, ако тоа го дозволат временските прилики.