Општината Ѓорче Петров и невладината организација за развој на образованието „Корени“ од 27 до 30 јуни ќе одржи забрзан курс по англиски јазик за ученици од основните училишта во општината Ѓорче Петров. Летниот камп ќе се одржи во ООУ „Тихомир Милошевски“. Во кампот учество ќе земат по 10 ученици од четврто до седмо одделение од сите училишта во општината кои ќе слушаат предавање од врвни наставници по англиски јазик.

Директоркта на невладината „ Корени“ Рашел Нил ќе биде ментор на летниот капм, а предавањата ќе ги држат ангажирани наставници по англиски јазик од невладината организација, наставници од основните училишта и волонтери, студенти по англиски јазик од филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ од Скопје.