Градинката „Росица” на пригоден начин го одбележа испраќањето на 302 првачиња кои есенва ќе седнат во училишните клупи во општинските основните училишта. По тој повод, освен веќе одржаната проштална средба со „новопечените“ првоодделенци и нивните родители,  вработените од градинката подготвија уште едно изненадување за своите деца.

Изработен е нов мултимедијален проект под наслов „ГРАДИНКЕ НАША СО ЉУБОВ ОД ТЕБЕ СЕ ДЕЛИМЕ, НАЕСЕН ВО УЧИЛИШТЕ СЕ СЕЛИМЕ“ кој ќе биде свечено промовиран на 10 јуни 2017 година во киното „Синеплекс“. Видео материјалот го изработи „Дигитал Фото Тихо“ од Ѓорче Петров.

Покрај едукативната содржина документарецот ќе им овозможи на посетителите да го проследат и начинот на работа во градинката, нејзините специфичности и препознатливост по кои се разликува од останатите институции од ваков вид. Проектот е со времетраење од шеесетина минути.