Во Општинскиот Центар за култура Ѓорче Петров, млади оратоти, ученици од општинските основните училишта одржаа ораторска вечер на тема: „Компјутерите и интернетот го кочат или не нашиот природен процес на живаање, и дали има интеракција лице в лице“. Петнаесетте млади оратори изненадија со своите говори  во кои искрено го опишуваа своето секојдневие и “дружењето “ со компјутерите. Во текстовите провејуваше негативната страна од секојдневното комуницирање со другарите, пријателите и роднините исклучиво преку социјалните мрежи, наводно како најбрз начин да се дојде до нови информации  за најблиските. Пораките од типот, провери на Facebook што има ново и јави ми , беше најкритикувана реченица од основците кои свесни за „електронската окупација“ што ги највјасала нивната генерација. Од приложените говори на сите учесници  можеше да се согледа потребата за директна меѓусебна комуникација. Општиот заклучок од тоа што можеше да се слушне на ораторската вечер беше тоа дека современата технологија е неопходна но истата води кон отуѓеност помеѓу субјектите. Затоа во текстовите, без исклучок провејуваше потребата од непосредна комуникација кај младите. Општеството, образовните институции и семејствата треба да обрнат поголемо внимание на оваа појава која се повеќе ги отуѓува нашите млади поколенија. Идни лидери на заедниците.

Целта на ораторската вечер , одржана во Центарот за култура Ѓорче Петров на кој учество зедоа ученици од општинските основни училишта, беше да се унапреди меѓуетничка толеранција на млади припадници на помали заедници и нивна подготовка за учество во демократски процеси на локално ниво, информираност на учениците во општината за различноста, идентитетот и можности за вклучување на млади во демократските процеси на локално ниво со континуирано зајакнување на  капацитети за соработка, толеранција, почитување и ораторство, активности со кои се промовира уметноста на убаво говорење и ораторство, како еден од преусловите за успешно лидерство на идните генерации. Ова кампања, има за цел да ги информира и поттикне младите да се вклучуваат во демократски процеси на локално ниво и да промовираат соживот во заедницата во која живеат, со оглед дека учат и живеат во мултиеничка и мултикултирна заедница. 

Целта на средбите беше исто така да се информираат и да се анимираат младите да учествуваат во проектните активности чија крајна цел е прифаќање на локалната различност и нејзино ставање во функција на подобрување на соживотот и вклучување во демократските процеси на локално ниво од што бенефит ќе има целата општина на долгорочен план. 

Активноста ќе допринесе за разгледување на состојбата на младите на локално ниво, нивните потреби и учеството во креирање на програмите и политиките за млади со посебен акцент на припадниците на помалите заедници во општината и можности за нивно понатамошно вклучување во јавниот живот. 

На зададената тема „ Компјутерите и интернетот го кочат или не нашиот природен процес на живеење , и дали има интеракција лице в лице“ сите учесници беа со слично мислење дека современата техкика ги отуѓува младите, а непосрдната комуникација е единствениот начин кој во иднина треба да донесе позитивни резултати во осознавење на различностите но и еднаквостите кои  се секојдневие на младите генерации во општината.