Општината Ѓорче Петров деновиве го реконструираше повеќенаменското спортско игралиште во населбата „ Даме Груев“.  Истото е изградено само пред две години поточно работите започнаа во јуни 2015 година а завршија септември истата година. Иако овој спортски храм е изграден по барање на граѓаните , истиот за кратко време беше руиниран.

Искршени беа стативите и обрачите од кошевите, а посебна опасност претставуваше честото кршење на орманчето за струја. По согледување на направените штети од корисниците на игралиштето, општината превзеде акција за отстранување на истите. Заменета е искината мрежа во должина од 160 м2 и поставена е и дупла арматурна мрежа зад головите. Заменети се стативите со метални и поставени се и нови обрачи на кош-таблите. Извршени се интервенции и на орманчето за струја со замена на склопките и истото е заштитено со метална мрежа. Од општината апелираат до граѓаните во иднина игралиштето за мал фудбал, кошарка и ракомет да се чува затоа што тоа е собиралиште на младите од овој дел на Ѓорче но со намерно оштетување ќе им се ускрати можноста за спортување. Игралиштето има и рефлектори и може да се користи и во ноќните часови.