Секоја година, градинката „Росица” за своите дечиња од предучилишна возраст подготвува различни манифестации по повод нивното заминување во училишните клупи. Оваа година градинката „Росица” подготвува изненадување за дечињата на возраст од пет до шест години кои на еден навистина креативен начин наскоро ќе се збогуваат со градинката и ќе тргнат на училиште.

Во тек се интензивни подготовки за снимање на филм во секој од објектите во кој децата со своите воспитувачки преку магијата на филмот, со игра, говор и куклен театар ќе нè одведат во светот на животните. Овој оригинален и интересен филм, децата и родителите ќе имаат можност да го проследат на 10 јуни во една од кино салите на Синеплекс во Сити Мол.