Малата Теодора сребрената медала ја освои на државниот натпревар  кој се одржа во просториите на  Природно-математичкиот факултет во Скопје. Менторот на Маркушевска, наставничката Ели Атанасовска Стојановска за својот штитеник кажа: Теодора е навистина заљубена во природните науки. Секогаш е внимателна на часовите, се труди повеќе од другите навремено да го совлада материјалот и очигледна е и љубовта кон природните науки кои кај неа побудуваат посебни интересирање.

Ваквите натпревари се добредојдени за да можеме да согледаме до каде нашите ученици го совладале материјалот од овој интересен училишен предмет. Теодора покажа дека во училиштата во општината Ѓорче Петров се вложува многу напор во квалитетот на наставниот процес. Многу ученици од нашите училишта години наназад постигнуваат врвни резултати и се закитуваат со медали. Се надевам дека и понатаму Теодора ќе го надградува своето знаење со и ќе учествува на натпревари.Не очекуваат и други регионални и државни натпревари и затоа оправдано се  надеваме дека и залтната медала наскоро ќе блесне на нејзините гради, истакна Стојановска. теодора не го криеше своето задоволство и нејзина желба е учество на сите натпревари. „Сите предмети ми се драги но природните науки некако посебно ме привлекувбаат. Учиме се, за што не опкружува во природата, а тоа за мене е исклучително интересно. Ги „голтам“ сите лекции но читам и енцикломедии,книги и се што ќе ми падне во раце, а е поврзано со природните науки.