Дождот кој непрестано паѓаше ги спречи играорците од КУД „ Глигор Прличев“, КУД „ Лилјан“ од Скопје и КУД „Истанбул“ од истоимениот турски град да се претстават пред поголем аудиториум. Концертот кој беше планиран да се одржи во реонскиот парк беше одржан во Центарот за култура-Ѓорче Петров кој со својот капацитет од 220 седишта ни од далеку не ги задоволи потребите на оние кои сакаа да го проследат овој фолклорен мини фестивал.

Прекрасните носии и одличните кореографии изнудија громогласни аплаузи од публиката. Понесени од прекрасната атмосфера , играорците дадоа се од себе за овој наста да им остане во долго сеќевање на сите. Гостите од Турција неколку пати излегоа на бис, а со својите национални игри, некои за прв пат видени на овие простори, оставија посебен белег на вечерта.

Организатори на овој настан беа локалниот КУД „ Глигор Прличев “ и Општината Ѓорче Петров. Воедно овој концерт е најава за богатата летна културна програма која општината ја подготвува за ѓорчепетровци. Уште многу настани се планирани во паркот но да се надеваме дека во иднина временските прилики ќе овозможат пријатни непречено да се одржуваат планираните концерти кои изминативе 12 години станаа традиција.