Улици кои за време на дожд и снег беа тешко проодни и преставуваа проблем за жителите на дел од населбата „Дексион“, Општина ЃорчеПетров, веќе се минато. Асфалтирањето на шесте крака на улицата „Црногорска 2“, проектот, кој заеднички го реализираат градот Скопје и Општината Ѓорче Петров, на жителите од овој дел на општината ќе им овозможи современи услови за живот но и побрза комуникација со останатиот дел од населбата и градот Скопје.

Градежните работи се во тек, а  ги изведуваат екипи од ЈП „ Улици и патишта“. Се асфалтираат краците: 2,4,6,8,10 и 12 на споменатата улица која се наоѓа во непосредна близина на централните гробишта во Ѓорче. Вкупна должина за асфалтирање е 1300 метри, краците се со широчина од 3,5 до 4 метри, а од 4,5 до 5 метри широчина е главната улица на која се надоврзуваат споменетите краци. И до сега општината секоја година вршеше санација на улиците но со првите поројни дождови истите брзо се раскопуваа. Со деталната реконструкција ќе бидат избегнати сите проблеми кои ги носеа временските прилики. Работите ќе траат до крајот на јуни 2017 година. За овој проект ќе бидат потрошени 3 милиони денари.