Деновиве се работи на асфалтирање на четири крака од улицата „51“ во населбата Стопански двор, општина Ѓорче Петров. Тоа се краците 1, 2, 3 и 4 со вкупна должина од 620 метри и широчина од 4 метри. Предходно на истите беше поставена фекална канализација со што е решен долгогодишниот проблем на граѓаните кои предходно мораа да користат септички јами кои како такви претставуваа потенцијален извор на зарази.

Работите ги изведува „Македонија пат“ и истите целосно треба да завршат до крајот на месец јуни. Средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски и Општината Ѓорче Петров. Исто така ќе се работи на асфалтирање на краци на главната улица во Волково. Набргу ќе започнат градежни работи во населбата Кисела јабука каде што ќе се асфалтираат краци на улиците „10“ и „46“.