Денес, 21.04.2017 (петок), во просториите на општина Ѓорче Петров, се одржа шеесет и петтата седница на Советот на Oпштина Ѓорче Петров на која покрај другите точки на дневниот ред беше усвоен Извештајот за извршување на Буџетот на Oпштина Ѓорче Петров за I квартал од 2017 година. Беа усвоени и Предлог-Одлуките за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши вклопување во просторот на бесправно изградени објекти надвор од планскиот опфат за УПС с. Кучково-КО Кучково, УПС с.Волково-КО Волково, УПС с.Ново Село-КО Ново Село,, УПС с. Кисела Јабука-КО Кисела Јабука, УПС с. Орман- КО Орман, УПС с.Никиштане-КО Никиштане, УПС с.Грачани-КО Грачани.