Започна дератизацијата во Општина Ѓорче Петров. Превземните активности се со цел да се уништат глодарите. Со дератизацијата се опфатени 3804 шахти но и основните училиштата. Покрај општинските инспектори во реализација на дератизацијата беа ангажирани и лица од Ј.П. Водовод и канализација со чија помош се лоцираат сите шахти на територијата на општината и истите се отвараат од вработените во јавното претпријатие.

Општината Ѓорче Петров  редовно спроведува  ваква  активност два пати во годината. Дератизацијата се врши со препаратот Бродилон а работите ги изведуваше „Зотокс” Скопје. Средствата ги обезбеди Општината од својот буџет.