Во рамките на Проектот за родова еднаквост на општина Ѓорче Петров и Националниот Совет за Родова Рамноправност,  ќе се спроведе анкета на граѓанките на општина Ѓорче Петров со цел собирање податоци за потребите на жените во општината.
Анкетирањето ќе се спроведе на 25 април (вторник) на следниве пунктови:

Кики Маркет    во периодот од 9.00-11.00 часот
ООУ Страшо Пинџур во периодот од 12.00-13.00 часот
Тинекс маркет ЃП   во периодот од 14.00-16.00 часот

На секој од овие пунктови ќе има листови на кои граѓанките анонимно ќе можат да се изјаснат, со цел Општината да се запознае со нивните потреби, како и проблемите со кои тие се соочуваат.