Во ООУ Тихомир Милошевски од општината Ѓорче Петров се одржа 58-от по ред натпревар на млади техничари и природници во организација на Народната техника на Р Македонија. На отворањето присуствуваше претседателот на Сојузот на Здруженија на техничка култура на РМ , Зоран Тодоров, кој го искажа своето задоволството што се домаќини на натпреварот, а на учениците им посака успешно претставување на своите изработки ,проектни задачи и освојување на многу награди.

На натпреварот учествуваа учениците и наставниците - ментори од основните училишта на ниво на Град Скопје, кои се претставија со свои изработки и проекти по различни наставни предмети и дисциплини. Училиштето Тихомир Милошевск во екипен пласман го освои првото место со вкупно 1535 поени. „Ова е место каде што треба да го покажете вашето знаење, креативност и вашата инвентивност. Се надевам дека ќе бидете стимулација и мотивација и за другите ученици. Ова е сатисфакција за вашите родители и за вашите наставници ”рече директорката на училиштето, Анета Божиновска.