На 03.04.2017 година во Центарот за култура Ѓорче Петров се одржа состанок со директорите на основните училишта, градинката, управителот   на   Агенцијата   за   обезбедување  AС   „Водно”  и ангажираните   работници   за   обезбедување   на   општинските   објекти како и командирот од ПС „ Ѓорче Петров” на тема „Безбедноста на општинските објекти“. Градоначалникот   Сокол   Митровски   ја   нагласи   потребата  за подигање на квалитетот на обезбедување на објектите кои се во сопственост на општината. „ Со воведување на физичко обезбедување на нашите објекти ситуацијата која ја имавме пред тоа очигледно дека се смени во корен. Имотот на општината сега е посигурен и вандализмот кој во минатото беше секојдневие сега е минато. Сепак, секогаш може и подобро и поквалитетно.

Некои од ангажираните работници за обезбедување на објектите, за среќа не сите,  знааат да затајат во своето работење. Тоа е недопустливо. Тие треба да се најинформирани за состојбата на доверените објекти и за секоја промена да ги известуваат директорите на училиштата, раководителите на сектори во општината и полицијата, ако за тоа има потреба. Ненавремената информираност на одговорните може да значи спора и нарушена истрага на сторено дело од кој вид и да е. Како што реков, кражбите, вандализмот , тепачките и нередот се на незначително ниво. Ова ни од далеку не е она Ѓорче од пред една деценија, но јас сакам системот да се подигне на повисоко безбедносно ниво од денешново. Да дадеме максимум од себе затоа што во тие училишта учат нашие деца и внуци, а игралиштата ги користат наши граѓани. Секој искршен инвентар или спортски реквизит го  плаќаме од нашите џепови. Да се потрудиме тоа во иднина да не ни се случува. Ажурноста треба да се подигне на највисоко ниво за да не мора да се соочуваме со дополнителни проблеми кои би произлегле од несовесното обавување на работата на некои од вас. Секој писмен рапорт по завршување на смената само може да помогне , а не да одмогне во решавање на несакани ситуации. “, истакна Митровски. И другите дискунтанти на состанокот говореа за потребата од подигање на свеста кај директните учесници во системот на обезбедување во општината.  
Исто така се разговараше и за општата безбедност во општината и начините за нејзино менаџирање и секојдневна активна соработка со локалната полициска станица.