Празниот простиор напроти новата полициска и противпожарна зграда во општината Ѓорче Петров деновиве засадија 50 дрвца од врстата Catalpa Bignonioides, широколисни листопадни долгогодишни растенија  кои ги засадија вработените во општината Ѓорче Петров. Со новата акција за зазеленување на делови во општината зафатени се делови од Реонскиот парк, паркингот наспроти зеленото пазарче и дел од главната општинска сообраќајница улицата „Ѓорче Петров“ и тоа на потегот од општинската зграда кон Сарај.

На споменатите локации веќе се работи и ќе бидат засадени над 200 дрвца кои несомнено ќе придонесат за подобрување на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина.