На овогодишниот маскенбал во општината Ѓорче Петров  учество зедоа по 10 маски од  секое основно училиште и десет маски од градинката „Росица“. По краткото дефиле на сите 70 маски пред многубројната публика и членовите на комисијата која беше задолжена за изборот на најдобрите, а составена од наставници во училиштата одбра по една маска од секое училиште за големото финале кое се одржа на летната сцена во Реонскиот парк. 

За најдобра маска годинава беше одбрана маската „ Риба“ изработена од четвртоодделенецот Марко Младеновиќ од ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ за која доби наградата школски глобус . Исто така уште пет маски беа одбрани за најинвентивни, а имаше уште една маска „ Риба“ на второодделенецот Алекс Мушијан од ООУ „Мирче Ацев“. Леонтина Каланиклиќ од ООУ Јоаким Крчовски ја изработи маската „ Рингишпил“.
Анастасија Трпеска  ја изработи маската „Кралица на море“ , Марија Јованова од ООУ „ Ѓорче Петров“ изработи за овој маскенбал „Кловн“, а Илија Мишовски од ООУ „ Страшо Пинџур “ „ Чуварот на шумите“ за која многумина од публиката имаа исклучително позитивни коментари. Беше доделена и награда за групна маска која ја понесоа дечињата од градинката „ Росица“. Исто така сите учесници добија пофалници за своето учество на „Априлијада-2017 Ѓорче Петров“.