Хуманитарните забави ќе станат традиција

Под мотото “Вино, љубов, хуманост” во Домот на култура во Ѓорче Петров се одржа хуманитарна забава во организација на општината. Собраните средства е предвидено да бидат наменети за купување пакети со храна за социјално-загрозени лица. Во иднина, ќе работиме на тоа ваквите и слични хуманитарни настани да ни станат традиција, и да станеме препознатливи по хуманоста. Им благодариме на сите кои донираа!