Граѓаните ги добија неодамна потпишаните решенија за регулирање на дивоградбите

 

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски на своите сограѓани им ги додели 64-те решенија за легализација на дивоградбите, кои неодамна беа потпишани од негова страна.

Тој пред присутните нагласи дека ваквата пракса на навремено и транспаретно потпишување и делење решенија ќе продолжи и во текот на целиот негов мандат. Наумоски ги повика оние кои досега не ги комплетирале своите барања тоа да го сторат во Секторот за урабанизам, со што ќе го остварат своето законско право за легализација.

Градоначалникот, воедно истакна и дека општината е затекната во лоша состојба, во оваа сфера, но и во останати, но веќе се прави пресек на сите полиња. Администрацијата, како што рече, стои отворена за соработка и ќе работи на сите прашања и проблеми кои ги имаат жителите на Ѓорче Петров. Реорганизација се прави и во Катастарот, бидејќи не соодетствуваат податоците со оние кои ги има општината, но тој проблем во брзо време ќе биде решен.