Градоначалникот Сокол Митровски додели нови 62 решенија за легализација

Процесот на интензивно решавање на предметите за легализација во Општина Ѓорче Петров продолжува. Денес, беа доделени нови 62 решенија за легализација со што бројот на легализирани дивоградби се искачи на 6.500 издадени решенија. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски  ги потсети граѓаните кои имаат подигнато урбанистичка согласност  и пресметка за плаќање на надоместокот во што поскоро време да ги уплатат средствата како би добиле решение за утврдување на правен статус на бесправен објект со кое би го запишале објектот во катастар на РМ.

Воедно, потенцираше за оние граѓани кои сакаат да направат надградба на веќе легализираните објекти тоа може да го сторат и без трансформација на земјиштето, а дозволената надградба е со висина од приземје и два ката ( до 10.20 метри ). Во изминатиот период општината го зголеми бројот на комисии кои излегуваат на терен, со цел зголемена ефикасноста во решавањето на предметите.