Градоначалникот Сокол Митровски додели 200 хуманитарни пакети 

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски и директорката на градинката „Росица“, Ана Серафимовска доделија 200 пакети со основни прехранбени продукти и облека на социјално загрозени семејства и самохрани родители во општината. Градоначалникот Митровски истакна дека децата уште од најрана возраст преку овие активности учат за солидарноста и хуманоста, за значењето на пријателството, за помагањето и почитувањето на другите.

ЈОУДГ „Росица“ од општината Ѓорче Петров во соработка со вработените, родителите и децата од градинката во изминатиов период спроведе хумантирна акција за собирање на храна и облека искажувајќи ја на дело својата хуманост како треба да им се помага на лицата  кои се во тешка социјална состојба. Ваквите акции ќе продолжат и во иднина.Во општината се евидентирани 68 социјални случаи и 45 самохрани родители.