Градоначалникот Сокол Митровски даруваше крв

По повод Празникот на општината Ѓорче Петров, денеска во тек е крводарителска акција во Домот за култура – Ѓорче Петров која започна во 10:00 часот, а ќе трае се до 17 часот. За само еден час собрани се 20 единици крв , а до 17 часот каде одзивот се очекува да биде уште поголем се очекува бројката да биде околу 100 единици крв.

Градоначалникот Митровски веќе присуствуваше на крводарителската акција каде потенцираше дека секоја година се помасовно е дарувањето на крв по повод празнувањето на општината, а на неа има се повеќе млади луѓе, првократни дарители.

Покрај пригодните маички со логото на општината Ѓорче Петров, секој дарител доби и привезок со својата крвна група. Општината Ѓорче Петров ги повикува сите заинтересирани граѓани кои ќе изразат желба да даруваат крв, тоа да го сторат се помасовно и да ја покажат својата хуманост на дело.