Градоначалник

Г-дин. Александар Наумоски

Образование:

Во Ѓорче Петров завршува основно образование во ОУ „Мирче Ацев”, а средно образование во СУЦ „Васил Антевски Дрен”

Дипломира на правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока граѓанско право. Има положено правосуден и нотарски испит.

Магистер е по уставно право на правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Човекови права-Извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур;

Течно зборува англиски јазик, основни познавања на францускиот јазик.

Професионална обука:

Студиска посета на институциите при Советот на Европа, Франција, Стразбур;

Студиска посета на Владиниот агент на Република Чешка, Прага;

Обуки за примена на Европската конвенција за човекови права – преку ОБСЕ, ТАЕКС програмата при ЕУ, со судии при Европски суд за човекови права и Академијата за обука на судии и јавни обвинители;

Студиска посета на Владиниот агент на Велика Британија, Лондон.

Професионална кариера:

2001 Декември – 2004 Ноември, Адвокатска канцеларија – адвокатски приправник;

2002 Октомври – 2003 Јуни, регулирана воена обврска – Воено воздухопловство при АРМ, А-1 Персонален менаџмент, војник-правник;

2004 Декември – 2005 Октомври, Централен регистар на РМ – Едношалтерски систем – советник на генералниот директор за правни прашања;

2006 Јануари – до Aприл 2011, Министерство за правда на РМ – соработник во Секторот за поддршка на Владиниот Агент, застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и извршување на одлукте на Европскиот суд под надзор на Комитетот на министри при Советот на Европа.

Секретар на повеќе работни групи за изготвување на закони;

Член на Комитетот за подобрување на постапките за заштита на човековите права при Советот на Европа (DH-PR) 2008;

2011 Aприл – 2013 Ноември, Еуролинк осигурување АД Скопје, ликвидатор на штети по зелена карта во Сектор за зелена карта.

2013 Ноември – 2016 Декември, Извршен директор во Уготур АД Скопје;

2017 Јануари – 2017 Август, Приватен стопанственик, менаџер на Метал тринaесет ДООЕЛ;

2017 Август – Директор на КПУ ЗАТВОР – СКОПЈЕ;