„Ѓорче Петров Куп” ќе се одржи по четврти пат 

По повод Празникот на Општина Ѓорче Петров- 20 септември, во периодот од 1 до 19 септември, 2017 година, по четврти пат ќе се одржи радиционалниот турнир во мал фудбал „Ѓорче Петров Куп 2017”. На турнирот кој ќе се одржува на Мултифункционалното игралиште „Ѓорче Петров” (кај надвозникот) како и досега ќе учествуваат најдобрите екипи од Македонија. Пријавувањето на екипи трае до 31 август, а истиот ден во 20.00 часот ќе се одржи и извлекувањето. Котизација од екипа изнесува 4000 денари. Лице за контакт-Ивица Вељаноски 071 200 138. 

Наградниот фонд за прво место изнесува 120.000 денари, второ место 60.000 денари, трето место 30.000 денари, а за четврто место 10.000 денари. 

Генерален покровител на турнирот е Општина Ѓорче Петров и градоначалникот Сокол Митровски, а е поддржан и од Советот на Општината.