Децата од општината Ѓорче Петров ја посетија противпожарната единица

Ученици од ООУ „Тихомир Милошевски“ ја посетија противпожарната единица во општината Ѓорче Петров и на лице место имаа можност да се запознаат со работата на пожарникарите, го разгледуваа возниот парк со кој располага единицата и им беа објаснети постапките во случај на пожар и други елементарни непогоди.

Целта на посетата е најмладите да се запознаат со основните постапки и со важноста од противпожарната заштита, причинителите за настанување пожари и заштита од истите, како во училиштето така и во домовите. Ваквите обуки кои треба да ја подигнат свеста на најмладите за опасностите од пожари, ќе се реализираат и во другите училишта во општината. Имено, ООУ„Тихомир Милошевски“ кон крајот на месецот ќе одбележи 30 години јубилеј од осамостојувањето на училиштето со бројни активности како литературни и ликовни конкурси,доделување награди и признанија,  театарска престава за ликот и делото на патронот.