Чествување пред споменикот на Ѓорче Петров

Денес, во реонскиот парк во општината Ѓорче Петров со полагање свежо цвеќе и краток рецитал одбележани беа 96 години од смртта на големиот македонски револуционер, Ѓорче Петров. Градоначалникот Сокол Митровски ,Претседателот и членови на советот на општината, делегации на Здружението на борците на Ѓорче Петров , делегации од политички партии, и бројни почитувачи на неговото дело,  се поклонија и положија цвеќе пред неговиот споменик во паркот во Ѓорче Петров.

„Ѓорче Петров засекогаш останува  во историјата на нашиот народ, на сегашните и идни генерации. Да се поклониме пред споменикот направен во чест на оваа голема личност, Ѓорче Петров и да се потсетиме на неговото големо дело за независна и самостојна Република Македонија, за што, и животот свој го дал“- рече Градоначалникот Сокол Митровски.