Акција за чистење и уредување во Општина Ѓорче Петров

Сезонските работници од општината Ѓорче Петров , деновиве работат на генерално чистење на општината , во чии рамки се врши косење и средување на зеленилото на повеќе локации низ општината . Во рамки на акцијата денес се изврши чистење , косење , утовар на трева и смет на израснатото зеленило , на потегот од стадионот„Млади лавови “  во должина од 500 метри, а се работеше и со камиони- кипери кои го собираа отпадот.

Меѓу другото, екипите ги уредуваа зелените површини и пешачките патеки покрај насипот, а се собираше и сметот со цел да се подобри здравата животна средина и да се намалат дивите депонии. Во општината Ѓорче Петров работат над 60 сезонски работници за расчистување и одржување на хигиената на целата територија на општината и одржување на јавни зелени површини, кои секојдневно собираат по 10 камиони градежен шут, смет и стара покуќнина на местата каде се поставени контејнери за отпад .