Одржана 47 седница на Советот на Ѓорче Петров

Советот на општина на 47-та седница  одржана на 13.10. 2020 година со мнозинство број на гласови донесе 4 одлуки:

-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Ѓорче Петров за 2020 година;

-Одлука за за измена со проширување на Буџетот на општина Ѓорче Петров за 2020 година во колона донации;

-Одлука за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на општина Ѓорче Петров во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2);

-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Ѓорче Петров и Град Скопје за отстранување на напуштени, хаварисани и нерегистрирани моторни и други возила од јавните површини;

Потребата за проширување на буџетот произлегува поради одобрени средства (од Програмата за развој на Обединети Нации – УНДП), кои и се доделуваат на општината за реализација на проектот “Со мобилност до инклузија, преку безбедно осветлени патеки” избран во рамки на проектот “Зајакнување на општинските совети”.

Вкупниот износот на одобрените средства е 2.700.000 денари, кои ќе се распоредат во програмата ЈА0 – Изградба на капацитети во енергетиката.

Во одлуката за задолжување се предвидува “Реконструкција и изградба на различни улици во урбаниот дел на општина Ѓорче Петров”

Инвестиционата вредност на целиот проект изнесува 85.114.000,00 денари, од кои 70.000.000,00 денари ќе бидат обезбедени од Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП 2 финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, а остатокот средства во висина од 15.114.000,00 денари ќе се обезбедат од Буџет на општина Ѓорче Петров за 2021 година од Програма ФА, Потпрограма 480123-реконструкција на улици во урбаното подрачје.

Со оваа Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Ѓорче Петров и Град Скопје  за пренесување на надлежност на Град Скопје  се предвидува отстранување  на напуштени, хаварисани и нерегистрирани моторни и други возила од јавните површини на територијата општината.

Градот Скопје надлежноста ќе ја извршува со возилта на Јавното претпријатие  Градски Паркинг Скопје, во име и за сметка на општина Ѓорче Петров.

Возилата опишани во член 1 на одлуката кои ќе бидат отстранети од јавните површини, времено ќе бидат сместени на локација на КП.1717 КО Драчево 2 и КП.1718 КО Драчево2 општина Кисела Вода.