Известување за изведба на пристапна улица во реонскиот парк

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ,

Ве известуваме дека во периодот од 25.11.2019год. до 20.02.2020год. ќе се изведуваат градежни работи на локација во паркот на Општина Ѓорче Петров, на потегот од новиот објект на Полициска Станица “Ѓорче Петров” до чешмата за вода (кај саатчијата и берберската работилница) – паралелно со Бул.Македонска Војска.

Имено, во овој период ќе се изведуваат градежни работи во рамките на проектот “Изградба на пристапна улица низ јавна површина во СЗ 15 чиј изведувач е фирмата ДГТУ “ЛЕНДИ ГРУП” ДООЕЛ Скопје, а инвеститор е Општина Ѓорче Петров (со Грант средства од МСИП-Проект на Светска Банка ), ćе со цел подобрување на условите за живот на локалното население.

За таа цел Ве известуваме дека обележаната / оградена локација на градилиштето треба да биде избегнувана бидејќи истата ќе биде забранета за пешачки и автомобилски пристап. Непречено движење на пешаците ќе биде обезбедено преку постоечките пешачки-тротоарски зони долж Бул.Македонска Војска, како и по постоечките  пешачки патеки во рамките на паркот.

Ве молиме за рабирање и соодветно прилагодување од Ваша страна за потребите од брзо и навремено спроведување на градежните работи во горе наведениот временски период.

За дополнителни прашања/информации/забелешки, Ве молиме да се обратите кај службеното лице Тони Пројковски (контакт телефон: 2033-471 / лок.13) или директно во Сектор за Урбанизам, комунални дејности, заштита на животна средина, ЛЕР и ЕЕ на Општина Ѓорче Петров каде ќе биде поставено сандаче за пофалби и поплаки во врска со проектните активности на горе наведениот проект.