31-ва Седница на Советот на општина Ѓорче Петров

За 6 месеци општина Ѓорче Петров ќе добие целосно ново модерно улично ЛЕД осветлување. Советот донесе одлука за избор на приватен партнер со кој ќе се склучи договор за Јавно Приватно Партнерство за модернизација на јавното осветлување.
На денешната седница на Советот усвоена беше и одлуката за меѓуопштинска соработка со Град Скопје со која Ѓорче Петров финансиски ќе учествува во реконструкција на 6 улици во урбаниот дел од општината.
Советниците ги усвоија и годишните извештаи за минатата година и програмите за тековната школска година на основните училишта и градинката Росица.

На дневен ред пред советниците денеска беа 18 точки.