Активирани зимските служби-Општина Ѓорче Петров подготвена за зимско одржување

Активирани зимските служби. 18 тони сол расфрлани низ критичните улици во општина Ѓорче Петров. Комуналните служби навремено реагираа на првите врнежи од снег пропратени со минусни температури. Овозможено е непречено движење и сообраќање кон селата Никиштани, Кучково, Орман, Волково. Службите на  Град Скопје  ги расчистија главните сообраќајници низ општината кои се во нивна надлежност.  Локалната самоуправа е подготвена за зимско оддржување на локалните патишта и улици.